Чисти очи благодарение на природата

Euphrasia officinalis (позната и како „видец”)

Видец (Euphrasia officinalis) е самоникнувачко растение по потекло од Европа. Долго време се користи како растителен лек, а вообичаено се смета за природен лек за проблеми со очи. Народното име „Задоволство на очите" доаѓа од грчкото име Euphrasyne, што значи „радост".

Видецот е растение кое традиционално се користи во нараодната медицина за лекување на проблеми со очите. Видецот содржи соединенија, кои се викаат танини и кои содржат антиинфламаторни својства. Видецот, исто така, има антисептички, антиинфламаторни, антибактериски, антиоксидативни и адстрингентни својства.

Видецот исто така содржи витамини А, Б (тиамин и рибофлавин), Ц и Е, сите имаат хранливи својства. Цинкот, селенот и бакарот исто така се наоѓаат во видецот и придонесуваат за здрава мрежница и леќа.

Содржи хемиско соединение, лутеолин и кверцетин, кои имаат aнтихистамински својства, и затоа се добри за лекување на алергиски реакции, а исто така содржи и иридоиди како аукубин кој има силно aнтиоксидативно дејство и на тој начин ги заштитува очите изложени на штетни надворешни фактори како УВ зрачењето кое предизвикува оксидативен стрес.

Видецот обично се користи за лекување на очни болести како што се конјунктивитис и напрегнување на очите.

Moже да се користи интерно – како чај или екстерно – како облоги за очи, а исто така се вклучува во капки за очи.

OCUflash може да се сметаат за капки за очи од видец, затоа што токму видецот е главната состојка која му ги дава на производот неговите антисептички, антибактериски и антиинфламаторни својства, па може да се користи во случаи на невоспалителни инфекции, а исто така и како природен лек за очни алергии, затоа што видецот има и адстригентни својства.