OCUflash е производ кој можат да го користат сите, вклучувајќи ги и децата. Погоден е за сите возрасти, од новороденчиња до постари лица, за бремени жени и доилки.

OCUflash капките за очи ги смируваат иритираните, заморени и преоптоварени очи. Тие ефикасно и истовремено нежно ги отстрануваат црвенилото и чешањето во очите. Доколку имате каква било ситуација со иритирани очи - OCUflash може да Ви помогне. За отстранување на страни тела, прашина, морска сол па дури и вештачки трепки од очите. Ќе Ви помогне да ги смирите иритациите.

OCUflash покажа добар ефект во случаи на сезонски алергии, може да смири симптоми на сезонски алергиски конјунктивитис – помага во смирување на очите и спречува иритации и солзна течност.

OCUflash исто така може да се користи во поблаги случаи на конјунктивитис, но ако симптомите не се подобрат за 2-3 дена, би требало да го посетите својот лекар.

OCUflash капките исто така можат да се користат како раствор за плакнење:

  • зa плакнење на очи кај новороденчиња и доенчиња 
  • зa плакнење на слуз и гнојни секрети
  • за моментално чистење на очи од прашина, песок, хлорирана и морска вода, од разни страни тела 
  • зa плакнење на очи по носење на тврди контактни леќи 
  • при отстранување на козметика од очи, капаци и трепки 
  • зa плакнење на очи по тонометрија и гониоскопија 
  • како прва помош кај изгореници на очи од киселини и алкалии 

OCUflash капките се идеални капки за прва помош во домот и на патувањата!